Пред Нова Година партиите ќе се засладат со над три милиони евра пари од буџетскиот колач

epa08520635 The electoral billboards of Zoran Zaev (L), leader of the ruling SDSM, and Hirstijan Mickovski (R), leader of opposition VMRO DPMNE, near Gevgelija, North Macedonia, 01 July 2020. After long negotiations the leader of the ruling party SDMS Zoran Zaev and Hristijan Mickovski the leader of the opposing VRMO-DMPNE have finally agreed on 15 July for the parliamentary elections. The date has been delayed several times due to the COVID-19 crisis, but the elections will be held even though North Macedonia is currently getting record numbers of newly infected COVID-19 patients. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ниту коронакризата не ги спречи партиите и оваа година братски да „лапнат“ над три милиони евра од буџетската каса кои законски им припаѓаат откако во јули 2018 година едногласно го изгласаа Законот за финансирање на партиите.

На седницата која треба да се одржи во четврток на дневниот ред е и Предлог на закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, по скратена постапка, со која партиите треба да ги донесат измените на законот со кој ќе си поделат уште 0,6 проценти, или, близу два милиони евра, народни пари.

На партиските сметки оваа година во јуни веќе легнаа пари, откако со Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии која Владата ја донесе во април, на политичките субјекти им беа дадени 0,4 процени од буџетот. Вкупно оваа година партиите ќе добијат 0,10 проценти односно ќе си поделат вклупно 3.260.065 евра.

Од овие пари во измените на законот пишува дека од буџетот веќе се исплатени се 1,242,426 евра.
Сепак според Законот за финансирање на политичките партии каде се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, им припаѓаат уште 0,5 проценти, пари кои партиите оваа година нема да ги добијат поради коронавирусот.

Во законот пишува дека: „Согласно член 9 процентот за исплата на средствата е 0,15% од изворните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година“.

Инаку Предлог законот за изменување на законот за финансирање на политичките партии се заснова на истите начела како и Законот за финансирање на политичките партии. Се предлага пратениците да го доносат по скратена постапка.

Во измените на законот пишува дека поради Ковид 19 кризата во земјата за вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии за 2020 и 2021 година се определува нов порцент и тој ќе биде во висина од 0,105% од вкупните изворни приходи на Буџетот. На политичките партии парите треба да им бидат исплатени најдоцна до 31 декември 2020 година.

Во образложението на законот уште пишува дека исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија, нема да им пидат исплатени на политичките партии кои до Државниот завод за ревизија немаат доставено годишен извештај во пропишаниот рок.

Буџетски пари нема да добијат ниту партиите кои не ги објавиле податоците за донациите примени во текот на годината. Запирањето на исплатата ќе трае се додека партијата уредно не ги исполни своите законски обврски.

Од буџетот за 2019 година на политичките субјекти вкупно им беа исплатени 4.583.000 евра. Парите си ги поделија 39 партии. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ им припаднаа најмногу пари. Владејачката партија доби 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место според исплатената сума е партијата на Ахмети ДУИ со 441.000 евра, а далеку зад нив се БЕСА со 255.000 евра и Алијанса на Албанците добила 245.000 евра.

Од парите се офајдија и помалите партии кои во најмногу случаи се дел од коалициите со големите политички партии и освоиле повеќе гласови односно повеќе пари од буџетот. Има и такви кои на последните локални избори настапија самостојно, па добиваат пари согласно процентот на гласови кои ги добиле.

Па, така на пример ГРОМ на Стевчо Јакимовски од парите на граѓаните доби 136.000 евра, а Сојузот на Ромите 116.000 евра. Социјалистите земале 81.000 евра. На сметката на НСДП легнаа 58.000 евра, ЛДП 63.000 евра, а ДОМ 54.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот