Пред 31 година заминал на натпревар и НЕ СЕ ВРАТИЛ: Полицијата мисли дека знае што се случило со момчето (ВИДЕО)

Фото: Полиција

Тинејџерот кој исчезнал пред 31 година може бил убиен од сексуален напаѓач, тврдат детективи.

Ли Бокел (15) исчезнал од куќата во Сари на 10 септември 1988 година. Се верувало дека тој заминал на фудбалски натпревар, но последен пат е виден во јужен Лондон, 14 часа пред тој ден.

Детективите од претходно тврделе дека Ли заминал во црквата Свети Данстан, каде младите знаеле да пијат и да пушат. Но сега полицијата тврди дека можеби сексуален напаѓач го убил, откако тој пробал да го спречи да нападне некого.

Тие сега контактирале млада личност, за која сметаат дека била нападната во намера да откријат каде е телото на Ли закопано.

– Верувам дека Ли го нападнало едно лице и дека имал помош од едно или повеќе лица да се решат од телото и да ја прикријат смртта. Би сакал да апелирам на младото лице кое било сексуално нападнато да се јави. Сакам да напоменам дека знам дека може немало намера да го убие Ли и дека твојата улога во помагање на главниот напаѓачот ќе биде земена во обѕир, рекол детективот Џон Мекуад.

Три мажи биле интервјуирани во 2014 заради сомневање на вмешаност во неговото убиство, но биле пуштени.

Полицијата била уверена дека на локалните гробишта ќе го пронајдат телото на Ли, но потрагата не дала резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот