Златни визи на Трамп

Пратеник од Џорџија предлага планина да се именува по Доналд Трамп

Претставникот во собранието на сојузната американска држава Џорџија, Дејвид Кларк, поднесе резолуција во корист на преименување на планината Сони, во близина на Атланта, по американскиот претседател Доналд Трамп.

Оваа планина, која се наоѓа во индијански резерват на околу 80 километри од Атланта, е именувана по прославен американски индијански поглавар од племето Чероки, кој им помогнал на првите доселеници во областа на Атланта во текот на 19 век, објавува „Њујорк пост“.

„Сони беше многу пријателски расположен и дарежлив човек и од благодарност за неговата помош доселениците ја именуваа планината по него. Не се пронајдени докази дека Индијанците Чероки ја нарекувале на друг начин освен планина“, пишува на спомен-плочата на индијанскиот поглавар.

Сепак, Кларк имаше спротивен став и инсистираше дека преименувањето на планината „би било признание за историското значење на лидерството и наследството на претседателот Доналд Џ. Трамп“.

Сони и неговиот народ биле протерани од нивната родна земја и протерани кон запад во 1838 година, но легендите велат дека духот на Сони сè уште живее на планината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот