Практикувајте го овој начин на утринско туширање за инстант будење

туширање
Фото: Unsplash

Експертите откриваат со која температура на вода треба да се тушираме наутро за да добиеме дополнителни придобивки од тоа, односно дали е подобро тоа да се прави со поладна или потопла вода.

Утринското туширање пред сите дневни обврски е одлична навика, но само доколку ја користите вистинската температура на вода. Ако по будењето сакате да се истуширате со топол туш, правите повеќе штета отколку добро.

По напуштањето на топлиот туш и враќањето назад во студената просторија, се забележува нагло опаѓање на телесната температура и поради тоа целиот организам се опушта и повторно заспива.

Експертите препорачуваат постепено да ја менувате температурата на водата – топла, потоа студена и така натаму до последната минута од туширањето кога треба да ја пуштите ладната вода да тече низ вас.

Оваа промена ќе ги отвори капиларите, ќе ја подобри циркулацијата во телото, ќе ве разбуди и подготви за работниот ден. Покрај тоа, различни студии покажаа дека туширањето во ладна вода ја зголемува толеранцијата на стрес, го зајакнува имунитетот и помага при согорување на маснотиите, пренесува „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот