Познати добитниците на субвенции од општина Аеродром

Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за набавка на
велосипеди, инвертер-клими и печки на пелети по јавните повици што беа
објавени на крајот од септември.
-На јавниот повик за набавка на велосипеди се пријавија вкупно 303
жители на Општина Аеродром, од кои 287 беа со уредна документација и ќе
добијат средства. За набавка на инвертер-клими, од 42 пријави, условите ги
исполнија 19 домаќинства, додека за набавка на печки на пелети субвенции ќе
добијат тројца пријавени, а еден не ги исполнил бараните услови, се вели во соопштението од општината.
Во истиот период Општина Аеродром објави и јавен повик за
субвенционирање чистење оџаци, но немаше ниту една пријава.
Добитниците на субвенциите ќе бидат писмено известени, а паричните
средства ќе им бидат исплатени до крајот на ноември или на почетокот на
декември.
Општина Аеродром оваа година за субвенциите издвои вкупно 1.100.000
денари од својот буџет, информираат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот