Познатата актерка го посети Асанж во затвор „Јас го сакам, тој е добар човек“ (ВИДЕО)

profimedia

Американската актерка Памела Андерсон, по посетата на Асанж изјавила дека основачот на Викиликс нема фер третман и дека не заслужува да биде во затвор со највисок степен на обезбедување.

Асанж служи казна од 50 недели во затворот Белмарш на југоистокот на Лондон.

Овој затвор го споредуваат со тој на Куба, во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти.  Во британскиот “Гвантанамо” се сместени многу опасни затвореници.

Холивудската актерка која и претходно го бранела Асанж, реклa за новинарите дека тој е невин и дека има нефер третман.

„Добро е што го видов, но ова е злоупотреба на законот. Апсолутно е шокантно што не може да излезе од својата ќелија”, рекла таа.

Актерката додаде дека Асанж бил “изолиран од сите”, вклучувајќи ги и неговите деца, и дека немал пристап до какви било информации.

„Тој е добар човек и неверојатна личност. Го сакам и не можам да замислам низ што минува“ – вели Памела.

Тој е во затвор поради кршење на условната слобода, а САД бараат негова екстрадиција поради наводно хакување на компјутерите на Пентагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот