Позната комичарка открива: Имам 36 години и сум девица, мажите бегаат од мене

Американската комичарка Сонали Чандра проговори за нејзините проблеми со невиноста на 36-годишна возраст. И не само тоа, таа откри дека во животот бакнала само пет мажи, пишува „Дејли мејл“.
Таа е израсната во конзервативно семејство, каде сексот се смета за свет чин меѓу мажот и жената. Но, сега дошло до момент кога дури и нејзиното семејство ја тера „конечно да го направи тоа“. Сепак, Сонали вели дека е подготвена да спие само со маж кој ќе ѝ стави прстен на раката и очекувано тоа дополнително и го искомплицирало животот.
„Првиот пат кога му кажав на еден дечко дека сè уште сум девица, беше кога имав 26 години. Тој, со кого го имав мојот прв бакнеж, мојата прва вистинска врска, беше шокиран. Со спуштена вилица, ме праша дали ќе останам девица засекогаш“, изјавила Сонали.
На нејзиниот 27-ми роденден, таа сфатила дека нејзиното момче ја избегнува и престанало да ѝ праќа пораки, а за жал, тоа се повторило и во други ситуации подоцна.
„Секогаш кога мажите бегаа од мене, јас поминував низ емотивен пекол. Тоа ми го крши срцето и ме тера да мислам дека момците мислат дека сум добра само за секс“, рекла таа.

„Сексот го сметам за свет и посебен чин. Всушност, не го ни сакам зборот “секс”, повеќе сакам “водење љубов”. Ќе бидам подготвена кога ќе добијам прстен“, додала Сонали.
Комичарката претходно изјавила дека била во три сериозни врски, а дека излегувала со вкупно девет мажи. Но, нејзиното строго воспитување имало големо влијание врз нејзиниот живот во врските, бидејќи не ѝ било дозволено постојано да се дружи, а излегувањата најчесто ѝ биле забранети.
„Запознавањето е животна вештина ѝ ми беше забрането да ја развивам таа вештина во моите тинејџерски години и додека бев на факултет“, објаснила таа.
Сонали сега користи апликации за запознавање и се појавува на ТВ емисии за запознавање, но не прифаќа договорен брак. Таа вели дека не сака нејзините родители да одлучуваат со кого ќе има секс.