Позитивен крај на потрагата: Исчезнатата хрватска пејачка Раутек ѝ се јавила на пријателката

Катарина Раутек / Фото: Фејсбук/Катарина Раутек

Хрватската пејачка Катарина Раутек од популарната група „Е.Т.“, која беше прогласена за исчезната и според јавно достапните податоци по своја волја ја напуштила болницата во Загреб, официјално е избришана од списокот на исчезнати лица.

Имено, според Фејсбук објавата на нејзината пријателка Хана Табаковиќ Бакса, приказната за нејзиното исчезнување сепак завршува среќно.

„Катарина Раутек е жива и здрава и уредно се јави на мобилниот телефон“, објави Бакса Табаковиќ.

Инаку, менаџерот на Катарина, Ренис Гржиниќ изјави дека пред два дена се слушнал со неа, но е шокиран од нејзиното исчезнување, бидејќи за тоа дознал од медиумите.

Исчезна хрватската пејачка Катарина Раутек од групата „Е.Т.“

Се огласи менаџерот на исчезнатата пејачка Катарина Раутек: „Ми се јави пред два дена, а поради здравствени проблеми ја откажа турнејата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот