Пожарот во тетовско Фалише активен, изгореа 100 тони хемикалии

Фото: Слободен печат

Пожарот во тетовското с.Фалише е сеуште активен. Иако со значително намален обем сеуште има пламен и чад. Тетовските пожарникари гаснеа непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа.
Тетовските пожарникари заедно со колегите од повеќе градови од вчера интервенираат во магацинот и продажниот салон во тетовско Фалише каде околу 10 часот вчера избувна голем пожар при што изгореа над 100 тони разни хемикалии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот