Пожарникари спасија куче од водите на Луда Мара

Кавадаречките пожарникари синоќа спасиле куче од водите на реката Луда Мара, го нашле изнемоштено како трепери, при што се претпоставува дека подолго време се обидувало самото да излезе. Денеска јавна благодарност до Територијалната противпожарна екипа, изразија од Здружението за заштита на животните ,,Аними Реино” од Кавадарци.

„Дека и во нашиот град има совесни граѓани, покажа успешната акција која се случи синоќа. Се се случило по пријава од граѓанин кој го забележал кучето во водите на реката. Најверојатно во потрага по вода е влезено внатре. Лицето кое пријавило вели дека со само еден повик противпожарната екипа веднаш пристигнала. Брзо и без размислување веднаш влегле да го спасат кучето“, информираа од Здружението.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот