Пожар во селото Бучинци, гори стрниште

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Во селото Бучинци утрово е пријавено дека гори стрниште на 200 метри од цркавата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Информирани се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

ЦУК претходно соопштија дека во текот на изминатото деноноќие интервенирано е на 22 локации и сите пожари се изгаснати.

Вчера беа пријавени пожари на повеќе локации. Два пожари имало во Скопје, на улицата „Скупи“ во Карпош и кај новиот пат Сарај-Рашче, каде што горела сува трева.

Како што соопшти ЦУК, два пожари имало и во општина Новаци, кај село Далбеговци и Новаци кон Рибарци во месноста „Ергела“.

Изгасени се пожарите во Ресен, Крушево, три пожари во Гостивар, Дебар, општина Брвеница, Кичево, Штип, Пробиштип.

На територијата на Куманово вчера се изгаснати вкупно шест пожари, кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин дол, Рамановце, Средорек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот