Пожар во кинеска стоковна куќа во Обреновац, едно лице се води како исчезнато

 Во кинеската стоковна куќа во Обреновац денеска избувна пожар кој зафатил еден кат, а во гаснењето се ангажирани 55 пожарникари-спасувачи со 25 возила, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ изјави дека се евакуирани четири околни згради, како и дека три жени се префрлени во Здравствениот дом во Обреновац за да добијат помош, но дека нивните повреди не се сериозни.

Едно лице се води како исчезнато, изјави за ТВ Н1 началникот на противпожарната единица.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани припадници на противпожарни единици и спасувачките единици од Обреновац, Сурчин, Батајница, Железник, Кошутњак, Звездара и Земун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот