фото:МИА

Пожар кај вештачкото езеро Мантово

Гори сува трева, грмушки,  но и квалитетна шума кон штипското село Пиперово. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека огнените јазици имаат зафатено од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и нискостебелсти растенија.

Голем пожар на отворено избувна денес околу 14.00 часот во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото Дваесетти километар и вештачкото езеро Мантово. Како што соопшти ЦУК, зафатени се околу 15-20 хектари сува трева, грмушки и нискостеблести растенија.

Пожарот на еден дел навлезе и во тешко проодна квалитетна мешовита шума.

За да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот