Повторно одложена расправата за Законот за поништување на лустрацијата

фото: Слободен печат

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски го одложи почетокот на Комисијата и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на следното продолжение.

Почетокот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која пратениците треба да расправаат за потребата за носење на законот за поништување на лустрацијата, денеска е одложен по втор пат. Овој пат за еден час и тоа поради немање кворум, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата каде требаше да се одржи седницата, туку во собранискиот хол.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски го одложи почетокот на Комисијата и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на следното продолжение. Тој најави и изјава за медиумите.

Иако седницата на Комисијата на чиј дневен ред е за Предлог-законот за поништување на лустрацијата не започна, пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ веќе одржаа прес-конференции на кои ги соопштија партиските ставови.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да го поддржи Предлог-законот, додека СДСМ го критикуваше ваквиот став потенцирајќи дека опозициската партија „ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и лични цели”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот