Повредено дете на рингишпил во Куманово

куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Дете се здобило со повреди додека се возело на рингишпил во луна парк на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово.Несреќата се случила вчера околу 19.30 часот, а случајот во полиција го пријавил таткото на повреденото дете

„Завчера околу 22.30 часот во СВР Куманово, Б.Д. (49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила“, велат од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот