Повредените од експлозијата на плин во Матејче, надвор од животна опасност

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Шестте лица од Матејче, општина Липково кои беа повредени синоќа при експлозија на плинска боца се надвор од животна опасност. Имаат изгореници од втор степен, главно на телото, вратот и рацете. Инцидентот се случил кога повредените решиле да ја поминат ноќта во викендицата што се наоѓа во близина на селото. Но, во неа немало струја, па првите сомневања на инспекторите се дека тие користеле плин за осветлување, објавува Алсат.

Во моментов претставници од надлежните институции вршат инспекција за да се откријат причините кои довеле до експлозијата. Први кои стигнале до куќата биле некои од жителите кои ги повикале самите повредени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот