Повредена девојка во судар на мотори

Во МВР вчера околу во 13 часот е пријавено дека на крстосницата за влез во прилепското село Галичани се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б. (32) од Кадино Село и мопед „вилта ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од општата болница во Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот