• мопедот

Удри во мотоциклист и избегал

Вчера утро на улицата „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило удрило во мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ц.С. (37) од Скопје. По несреќата возачот на автомобилот избегал. Во незгодата со тешки повреди се здобил возачот на мопедот Ц.С. на кој му е укажана помош во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.