Повеќе од 1,6 тони кокаин запленети покрај брегот на Доминиканската Република

Доминиканските власти запленија над 1,6 тони кокаин во голема антинаркотична акција спроведена во водите кај провинцијата Педерналес. Операцијата, која траела повеќе од 12 часа, била координирана од обвинителството, а во неа учествувале единици на Дирекцијата за контрола на дрога (ДНЦД), морнарицата, воздухопловните сили и разузнавачките служби, пренесува Си-би-ес.

Пресретнат бил глисер, опремен со два мотори од по 250 коњски сили, во кој биле пронајдени 1.536 пакети со црни кеси. Лабораториските анализи потврдиле дека се работи за вкупно 1.611 килограми кокаин.

Уапсени се тројца државјани на Доминиканската Република и еден Колумбиец. Покрај дрогата, запленети се и комуникациска опрема, гориво, лични предмети, како и мини-фрижидер со пијалоци.

ДНЦД соопшти дека оваа заплена е една од најголемите во историјата на земјата и ја нагласи важноста на заедничката акција со домашните и меѓународните партнери во борбата против организираниот криминал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот