Поведена истражна постапка против лицето осомничено за обид на силување во Негорци - Слободен печат

Поведена истражна постапка против лицето осомничено за обид на силување во Негорци

Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци.

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото. Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај. Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор.

Прочитај повеќе

Битолчанец и се заканувал и ја тепал сопругата

Тројца повредени во сообраќајка кај велешко Иванковци

МИА Агенција

Уапсен скопјанец баран за изнуда

Курто Дудуш доби судска опомена за нанесување телесна повреда

Горан Наумовски

Малолетници превезувале марихуана во тетовско

Слободен печат

Во угостителски објект уапсено лице за доиздржување казна затвор

Слободен печат

Остави Коментар

two × 1 =

Прочитај повеќе

Уапсена скопјанка: Полицијата откри дрога во нејзиниот дом

Слободен печат

Сообраќајна несреќа на стариот пат Тетово – Скопје: Тројца се потешко повредени

Слободен Печат

Почина 38-годишната жена во верижниот судир на автопатот Велес – Скопје

Мими Шушлеска Петкова

Се преврте автомобил близу Велес: Повредено четиричлено семејство

Слободен Печат

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

МИА Агенција

Гостиварка го пријавила сопругот дека ја принудувал на проституција

МИА Агенција