Поведена истрага за двајца жители на Париз за поврзаност со убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел

Париз, Франција
Фото: Pexels/Chait Goli

Двајца жители на Парискиот регион се изведени на распит пред истражен судија во Париз, поради сомнеж за „веројатна поврзаност“ со извршителот на нападот во Брисел минатиот понеделник вечерта, при што беа убиени двајца шведски државјани, објави белгиската државна телевизија РТБФ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според телевизијата, истражниот судија треба да одлучи по барањето на француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) за покренување на обвинение за „злосторничко терористичко здружување“, како и за одредување притвор на осомничените.

Според ПНАТ, истрагата треба „да ја разјасни врската“ меѓу двајцата осомничени и напаѓачот од Брисел, 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ласуед, кој беше убиен од страна на бриселската полиција при обидот за негово апсење во вторникот утринските часови.

Ден по нападот во Брисел, француските власти отворија истрага околу поврзаноста на лица од Франција со Ласуед. По ова, во четвртокот, според соопштението на ПНАТ, биле приведени четири лица во регионот на Париз и во северозападна Франција поради „веројатна поврзаност со извршителот на нападот“ во Брисел. Двајца од нив денеска беа изведени пред истражен судија, додека другите двајца беа ослободени од притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот