Потврдено е дека ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија загинаа во сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Потврдено е дека ќерката Марија (25) и внукот од брат, Методи (26) на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов се двете загинати лица кои утринава го загубија животот во сообраќајна во Пијаченца, информираа за „А1он“ блиски извори на семејството.

Нивниот автомобил „клио“ од засега непознати причини удрил во дрво. Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат.

Марија Витанова, според италијанските медиуми, била во посета на Италија во посета на роднини. Вчера била излезена со својот братучед. Несреќата се случила на пат кон неговата куќа.

Според пишувањата во италијанските медиуми, местото каде се случила собраќајната несреќа важи за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Братучедите кои загинале во сообраќајната несреќа се ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, кој беше назначен за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Македонија во Италија во јуни минатата година.

Tragico incidente in via Gadolini

Identificati dalla polizia i due giovani che hanno perso la vita questa notte -> http://www.ilpiacenza.it/~go/i/3753335608138

Publiée par IlPiacenza sur Dimanche 2 février 2020

Двајца братучеди од Македонија загинаа во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот