Потврдена британската варијанта на коронавирусот во Косово

epa08815180 Women wait for the COVID-19 test at the state hospital University Clinical Center in Pristina, Kosovo, 12 November 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Вршителот на должноста министер за здравство на Косово, Арменд Земај објави дека во земјата се потврдени случаи на лица заразени од новата, таканаречена британска, варијанта на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај на прес-конференција попладнево информира дека од 30 примероци кои се испратени за анализа во Германија, со оглед дека Косово се уште нема капацитети за тој вид анализа, британската варијанта на вирусот е откриена во три случаи.

– Изминатите денови Институтот за јавно здравство на Косово испрати 30 примероци во Берлин во Германија, со цел да се испита дали новата варијанта на коронавирусот е присутна во Косово, откако истата се откри во над 70 земји во светот. Резултатите на овие анализи покажаа дека три примероци резултираа позитивни на британската варијанта Б117, изјави Земај.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот