Aнтоан Гризман/Orlando City

Потврден трансферот на Гризман – првпат ќе игра надвор од Шпанија

Францускиот крилен напаѓач Антоан Гризман е нов фудбалер на Орландо сити, но на тимот од МЛС ќе му се приклучи дури по крајот на сезоната во Атлетико Мадрид.

Гризман стави потпис на договор до 2028 година, со можност за продолжување до 2029, со што и официјално се затвора неговото второ поглавје во дресот на „јорганџиите“. За него ова ќе биде и прво искуство надвор од Шпанија во професионалната кариера.

Искусниот офанзивец претходно настапуваше за Реал сосиедад и Барселона, а длабока трага остави и во дресот на француската репрезентација. Со „триколорите“ го освои Светското првенство во Русија 2018 година, а во периодот од 2014 до 2024 запиша 137 настапи и постигна 44 погодоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот