Потресната животна приказна на пејачката на „АББА“: Родена како резултат на нацистички експеримент, жигосана со свастика

АББА

За време на мрачната ера на Втората светска војна се раѓале разни монструозни идеи. Меѓу другото, во 1935 година бил основан и проектот „Лебенсборн“, кој претставувал еден вид „инкубатор“ на новите раси на високи, силни, руси и синооки луѓе.

Хајнрих Химлер го основал здружението „Лебенсборн“ со цел за неколку години светот да го преплави со ариевската раса. Едно од бебињата на Лебенсборн е и Фрида Лингштад.

Децата доаѓале од цела Европа – од Германија, Норвешка, Австрија, Белгија, Холандија, а требало да ги претставуваат „најдобрите примери на новосоздадената раса“ и да добијат „најдобро можно воспитување“. Во овој проект била родена Фрида Лингштад или Ани-Фрид, пејачката на култната група „АББА“, која дошла на свет како дете од врската помеѓу 19-годишната убава Норвежанка Сини и оженетиот германски офицер Алфред Хасе. Подоцна се дознало дека ова била кратка афера, а Германецот ја завел Сини давајќи ѝ неколку компири – оваа храна во тоа време била буквално луксуз.

Фото: Wikimedia Commons

Очекувано, по распадот на Германија и падот на Хитлер, работите се искомплицирале за сѐ и сешто што имало врска со нацизмот, па Фрида и нејзината мајка биле жигосани како предавнички и подложени на ужасно отфрлање и малтретирање од општеството. Фрида била изложена на страотни притисоци. На Фрида, уште додека била дете, еден рибар од локалното село, со нож ѝ врежал свастика на кожата, која таа со мака ја отстранувала во наредните години.

Сини, парализирана од страв, емигрирала со својата мајка и двегодишната Фрида во Шведска, но набргу откако пристигнала таму, таа починала, а пејачката ја воспитувала нејзината баба. Фрида била длабоко трауматизирана поради сопственото потекло. Интересно е тоа што таа го запознала својот татко во 1977 година. Сепак, тоа било краткотрајно смирување, Фрида три децении се занимавала со фактот дека е дете на накарадниот проект „Лебенсборн“, а простувањето на нејзиниот татко кој не го познавала, било надвор од доменот на нејзините емоционални способности.

„Како да ми се врати сето она што помина. Плачев со часови потоа. Можеби би било поинаку да бев дете. Тешко е кога ќе добиеш татко, а имаш 32 години. Не можам да се поврзам со него и да го сакам онака како што би го сакала доколку растев покрај него“, рекла Фрида кратко по оваа средба и наскоро ги прекинала сите контакти со својот татко, истакнувајќи дека „повеќе сака да поминува време со луѓе со кои нема контакт“.

Музичката група „АББА“ / Фото: ČTK / Profimedia

Маките на кои била изложена Фрида, која со децении била очајна поради сопственото потекло, биле помали од повеќето други деца родени од лудата идеја за расната супериорност, а ги имало помеѓу 10.000 и 12.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот