Потоп во Атина – улиците се претворија во реки, властите испратија итно предупредување
Жителите во областа Атика, која ја опфаќа и Атина, се предупредени да избегнуваат непотребни излегувања, откако силниот дожд предизвикан од бура Брајон ги претвори улиците во надојдени потоци, објавија грчките медиуми.
Препорачано
„Предупредување за силни временски појави, со прекини, до утре напладне во регионот Атика. Избегнувајте непотребни движења. Бидете внимателни во подземни простори. Следете ги инструкциите од надлежните“, стои во известувањето испратено во 19 часот преку системот 112 од Службата за цивилна заштита.
Во повеќе делови од главниот град улиците се претворени во реки, а електричните празнења во атмосферата се особено интензивни. Противпожарната служба во Атина досега примила 47 повици за испумпување вода, а пријави стигнуваат и од Елефсина, Аспропиргос и Пиреја.
Бурата предизвика сериозни сообраќајни метежи на голем број главни градски сообраќајници.
Поради невремето, сите јавни и приватни основни и средни училишта во областа Атика ќе останат затворени во петок. Вечерните училишта во регионот ќе бидат затворени и денес, во четврток.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


