Потона едрилица на Хаити: 14 загинати, многумина исчезнати

Најмалку 14 лица се удавија, а многумина се сметаат за исчезнати во морето откако едрилица потона во канал помеѓу копнениот дел на Хаити и островот Тортуга, изјави официјален претставник на Хаити.

Координаторот на канцеларијата за цивилна заштита во Северозападниот оддел на Хаити, Хозе Ретон, изјави дека бродот потонал околу 1 часот по полноќ кога луѓето се враќале од пазарен ден на островот Тортуга, од каде има еден час патувањето до копното на Хаити.

– Деветмина преживеани се извлечени од водата, но не се знае колку луѓе исчезнаа во морето – додаде тој.

Ретон вели дека не е познато колку патници платиле околу еден долар за да се качат на бродот, но тој истакна дека ваквите пловни објекти често прифаќаат десетици луѓе. Тој рече дека крајбрежната стража на Хаити не можела да одговори на повиците за помош и дека неговата канцеларија побарала помош од крајбрежната стража на САД.

Ретон, исто така изјави дека било мирно време и дека брановите биле мали во времето кога пловела едрилица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот