Потона брод крај либискиот брег, пронајдени три тела, 13 лица се водат за исчезнати

Мигранти, Либија / Фото: Архива

 Три тела се пронајдени, но 13 лица се уште се водат како исчезнати откако нивниот брод потона крај либискиот брег, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), пренесе ДПА.

„Најмалку 13 животи се изгубени на море и три тела се извадени откако синоќа се случи трагичен бродолом крај брегот на Либија”, соопшти либиската канцеларија на ИОМ.

Рибарските бродови вратија 22 преживеани во Либија, каде што персоналот на ИОМ им пружи медицинска помош.

Германската агенција додава дека Либија стана главна транзитна рута за мигрантите кои се обидуваат со бродови да стигнат до Европа, откако во оваа земја во 2011 година настана хаос по бунтот со кој беше соборен долгогодишниот диктатор Моамер ел-Гадафи.

Според ИОМ, само годинава централната медитеранска рута кон јужна Европа на отворено море починаа околу 430 мигранти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот