Постењето најбезбеден начин на детоксикација

Profimedia

Додека трае постот, намирниците што се од животинско потекло се целосно исклучени од менито, а од месо и тоа во строго определени денови е дозволено да се јаде само од риба. Постот ги тера верниците на истрајност до тој степен што во одредени денови не смее да се консумира ниту масло за јадење.

Од вчера за православните верници започнаа велигденските пости. Овие пости се најдолгите од четирите големи пости во православната вера. Тие траат точно 48 дена и важат за најстрогиот пост во годината, бидејќи се пости на вода, со исклучок на викендите, освен кога се работи за Голема сабота, ден пред Велигден.

Постот не е само откажување од мрсната храна, туку најважно е да се работи и на воздржување од лоши мисли и дела, со кои ќе успеете да ги победите телесните страсти со духовна сила.

Имено, постот важи за еден од најстарите начини за чистење и детоксикација на човечкиот организам. Додека трае постот, намирниците што се од животинско потекло се целосно исклучени од менито, а од месо и тоа во строго определени денови е дозволено да се јаде само од риба. Постот ги тера верниците на истрајност до тој степен што во одредени денови не смее да се консумира ниту масло за јадење.
Токму поради фактот што за време на пост во исхраната доминираат оброците подготвени од овошје и од зеленчук, организмот на секој што се одлучил да пости, чувствува огромна полза поради фактот што ова е најстариот, најлесниот и најдобриот начин да се исфрлат отровите од  организмот, а телото целосно да се исчисти.

Консултирајте се со лекар пред да почнете да постите

Во последно време луѓето сè повеќе постат. Постот е дел од традицијата насекаде во светот, независно од тоа за која религија станува збор. Во одредени традиции и религии, луѓето постат така што се одрекуваат од одредена храна, а други пак постат со тоа што јадат само во одреден период од денот. Како и да е, сè почесто освен верските водачи, луѓето да се подлегнат на пост препорачуваат и голем број нутриционисти.
Речиси и да нема човек кој не е свесен и информиран дека честото јадење брза храна, која најчесто е пржена и содржи низа додатоци, негативно влијае врз здравјето на секој поединец. Од друга страна, пак, сè почесто се истакнува дека водата, воздухот и почвата се загадени, а поради тоа страда телото како и сите витални органи. Сето ова е причина плус секој барем еднаш годишно да се обиде да пости. Сепак, препорачливо е пред постењето, најпрвин да се консултира со својот лекар дали неговата здравствена состојба го дозволува тоа.

Регенерирајте го дигестивниот систем

Исхраната за време на пост се состои од тоа што се исфрлаат одредени намирници од дневното мени на секој поединец, но од друга страна, пак, може т.н. дозволени намирници да се јадат кога и да се почувствува глад, во кој било период од денот.
Токму поради тоа ваквиот начин на исхраната за време на пости не претставува стрес за нашиот организам туку напротив дава многубројни бенефити за нашето здравје.
Постот важи за една од најдобрите методи за регулирање, прочистување и обновување на дигестивниот систем, влијае позитивно врз намалување на причините за кожни заболувања, артритис, болести на срцето и крвните садови…

Варење наместо пржење на храната

Една од придобивките што ги нуди постот е фактот што речиси целата храна што се консумира се подготвува со варење или со печење, а се заобиколува процесот на пржење на храната во големо количество масло за јадење. Како втора придобивка од апстиненцијата од храна од животинско потекло е фактот што од посна храна не можете да се прејадете, затоа што многу брзо го задоволува чувството за глад. Токму поради овие причини нема да јадете брза храна и нема да бидете лакоми додека го консумирате оброкот, што пак од друга страна значи дека ќе бидете подолго време здрави и нема да чувствувате никакви здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот