Поставени нови „лежечки полицајци“ пред ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“

Oд Општината наведоа дека станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец”.

Поставени се два нови, „лежечки полицајци” на улицата „Орце Николов”, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош”, во урбаната заедница Карпош 1, соопштија од општина Карпош.

Oд Општината наведоа дека станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец”, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош: „Јан Амос Коменски”, „Војдан Чернодрински”, „Братство”, „Димо Хаџи Димов” и „Вера Циривири Трена”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот