Постапката за набавка на апаратите за отпечатоци е смешна и несоодветна, вели Ванхауте

Питер Ванхауте / Фото: Радио Слободна Европа

Медијаторот Питер Ванхауте во интервју за Цивил Медија го критикува начинот на кој се набавени апаратите за отпечатоци од прсти за локалните избори во земјава.

„Накратко, за фингерпринт системот. Набавката на тој систем, ќе бидам многу искрен, навистина е смешна. Прво велите дека немате доволно време за донесување на соодветна постапка за набавка. Значи, почнувате да пишувате и поканувате компании да предложат колку би чинело да ја обезбедат опремата, а потоа го одбирате најевтиниот понудувач, за 5 милиони евра. Но, понудувачот потоа вели – да, тоа е идејата, но на крајот ќе чини нешто повеќе. Повеќе од двојно повеќе – 11 милиони евра. А потоа ја прифаќате понудата. Тоа не е соодветна постапка за набавка, вели тој.

„Имате тела во земјата, Државниот завод за ревизија и судство кое треба веднаш да реагира во врска со ова. Ова е погрешен начин на вршење набавки. На крај, владата има огромна одговорност. Тие треба веднаш да реагираат и да преземат дејство и да сторат сé што можат да спречат такви работи“, вели Ванхауте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот