Објавен јавен повик за волонтери во Народната канцеларија на Сиљановска
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, објави јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на претседателката.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Повикот предвидува ангажирање на 10 волонтери за извршување на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо до архивата на Кабинетот на претседателката или по пошта на адреса: Кабинет на претседателот на Република Македонија, ул. „Ацо Караманов“ бр. 33А, 1000 Скопје, со назнака „за јавен повик за волонтери“.
Рокот за пријавување е пет работни дена од објавувањето на повикот на веб-страницата на претседателот, односно најдоцна до 17.06.2026 година во 15:00 часот.
Селекцијата ќе ја врши Комисија за избор на волонтери во Кабинетот, а избраните кандидати ќе бидат контактирани. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат разгледувани.
Волонтерскиот ангажман се заснова на договор со траење до шест месеци, при што по завршувањето на периодот Кабинетот нема обврска за вработување на волонтерите.
Волонтерите имаат право на надоместок за трошоци за храна и превоз до и од местото на волонтирање, во висина до 15% од просечната месечна плата исплатена во државата за претходната година.


