Кили - Фото: Фејсбук/Кирил Поп Христов

Последно збогум: Кили ќе почива покрај океанот во Еквадор, таму каде што неговата душа најде мир

Кирил Поп Христов – Кили ќе биде погребан во Еквадор, земјата во која помина значаен дел од својот живот. Неговото почивалиште ќе биде во Мангларалто, покрај океанот, откри за „Викимедија“ неговата сопруга, кореографката и професорка по современ танц Гордана Деан Поп Христова.

Кили починал мирно, во сон, од инфаркт. Скршена од болка, неговата сопруга раскажува дека заминал тивко, оставајќи зад себе спомени, љубов и живот исполнет со авантура и уметност.

Гордана е позната во јавноста како жената која го формираше култното балетско студио „Ребис“, а со Кили пред 12 години одлучија да започнат ново поглавје од животот во далечниот Еквадор. Таму живее и нивната ќерка Јоана, со која семејството го изгради својот дом на другиот крај од светот.

Кили – Фото: Фејсбук/Кирил Поп Христов

Откако во 2014 година се преселија во Еквадор, Гордана и Јоана повеќе не се вратија во Македонија. Кили, пак, неколкупати доаѓаше во Скопје, па повторно се враќаше во Еквадор, земјата која со текот на годините стана негов втор дом.

Во јавноста ќе остане запаметен како вечно момче со нескротлив дух, човек со силна харизма, но и како вечен бунтовник со голем актерски талент. Неговата енергија, искреност и специфичен хумор оставија трага кај сите кои го познаваа.

Сега, Кили ќе почива покрај океанот во Мангларалто, местото кое стана дел од неговиот живот и каде што ќе му биде оддадена последната почит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот