Последни дипломатски напори за мирно решавање на кризата во Нигер

Нигер протест / Фото EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Делегација на Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС се очекува да пристигне во Нигер за да преговара со воената хунта која го собори претседателот на 26 јули.

Претставниците на блокот би можеле да пристигнат во главниот град на Нигер, Нијамеј уште денеска, а специјалниот претставник на Обединетите нации за Западна Африка и Сахел, Леонард Сантош Симао е таму од петокот.

Портпаролот на ОН Стефан Дижарик вчера рече дека Симао ќе се сретне со хунтата за да се обиде да олесни брзо и мирно решение на кризата во Нигер.

ЕКОВАС денеска објави дека одредил датум за почеток на воена интервенција „доколку не успеат дипломатските напори со Нигер“, но не објавија кога тоа би можело да биде.

По дводневната средба на началниците на вооружените сили на земјите-членки на блокот во Акра, главниот град на Гана, ЕКОВАС објави дека воената акција ќе биде „последната опција за враќање на демократијата во Нигер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот