После трагедијата и 28 часовното породување, конечно ѝ се насмевна среќата: Ѕвездата на „The Vampire Diaries“ повторно стана мајка! (ФОТО)

инстаграм

Ѕвездата на „The Vampire’s Diaries“, Клер Холт стана мајка по втор пат.

Таа пред една година ја сподели со обожавателите најтажната вест – имаше спонтан абортус.

„После киретажата, поминав часови и часови на Интернет во потрага по жени на кои ми се случило истото што и мене. Очајно сакав да најдам некој, кој било, кој ќе разбере што чувствувам. Некој што ќе ми кажеше дека депресијата и чувството на празнина се сосема нормални. Дека не сум јас виновна и дека не сум скршена засекогаш“, напиша тогаш актерката, велејќи дека загубата на нејзиното дете „ѝ го сруши светот“.

Пет месеци по абортусот, таа остана бремена и го доби синот Џејмс.

„Нашето патување не беше лесно. Кога решивме да родиме бебе, забременив многу брзо. Сè уште се сеќавам на среќата и возбудата кога се појавија две линии на тестот за бременост. Помина првиот триместар, а потоан во март минатата година го изгубив бебето. Се чувствував уништено, скршено и засрамено. Се чувствував толку тажно што едвај можев да продолжам низ животот. Благодарни сме што откривме по пет месеци дека сум повторно бремена и тоа ме спаси, не знам како поинаку ќе преживеев“, рече таа неколку недели пред да се роди Џејмс.

Сега нејзината среќа е двојно поголема затоа што роди уште едно дете – девојчето Ел.

„Еве ја. Нашето убаво девојче Ел. После 27,5 часа труд таа полета во светот и ги прошири нашите срца. Неизмерно сме благодарни за нашето здраво бебе и едвај чекаме да го запознае нејзиниот брат“, напиша Холт во описот на фотографијата на која позира на новородена ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот