После долгочасовни дискусии Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

После долгочасовни дискусии,во Собранието со вкупно 64 гласа „за“ разрешени се министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Хазби Лика.

Претходно, премиерот Заев најави дека го повлекува предлогот тој да биде и министер за финансии, но дека сепак ќе ја преземе функцијата до именување на нов министер.

Пратениците преминаа и на последните точки од дневен ред кои се однесуваат на статутите на универзитеите „Кирил и Методиј“ и тетовскиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот