После 17 години истрага најдено е телото на Бери Колен

Бери Колен (23) исчезна на 1 мај 2004 година, кога се враќаше од локален бар во Крушејвен. И покрај полицискиот претрес, цели 17 години немаше ни трага ни глас за него, а семејството ја изгуби секоја надеж дека некој некогаш ќе го најде повторно.

Но, во јуни годинава, во близина на пристаништето Хју Ковини во округот Корк, остатоците од Колен се пронајдени во потонат автомобил на дното на морето.

Колен инаку бил рибар, а по испитувањето и анализата на ДНК-тестовите, утврдено е дека остатоците се на момче кое исчезна во 2004 година.

– ДНК анализата покажа дека остатоците се идентификувани како г-дин Бери Колин, чие исчезнување е пријавено на 1 мај 2004 година. Ние со сигурност тврдиме дека станува збор за него – изјавија од Националната полициска служба на Република Ирска.

Семејството со години ги чекаше резултатите од истрагата и беше во постојан контакт со медиумите за случајот да не биде заборавен.

Неговите најблиски тврдат дека неговото исчезнување не се вклопува во неговата личност, бидејќи тој секогаш бил мирен и повлечен млад човек, а никогаш не направил никакви инциденти.

Откритието дошло сосема случајно, кога нуркачите на стражата, трагајќи по друг случај, забележале возило на дното на морето.

Покривот на автомобилот бил наталожен со кал, а кога го проверија ентериерот, ги пронајдоа остатоците за кои е утврдено дека и припаѓаат на Берија Колен.

Причините за смртта сè уште не се познати, но според начинот и местото каде е пронајден, се сомнева дека тој со автомобил слетал во морето и дека нема индиции за убиство, но единствената непозната е дека тој случајно изгубил контрола на возилото или имал намера да изврши самоубиство.

На погребот на младиот човек, семејството им се заблагодари на сите што учествувале во потрагата по нивниот син и брат во претходните 17 години.

Тие исто така побараа наместо да му се донесат цвеќе на гробот, парите да бидат донирани за финансирање на услуги за потрага по исчезнати лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот