Фото: Instagram

Посета на музеј како терапија: Бриселските лекари препишуваат посети на културни институции за ослободување од стрес

Лекарите од Брисел ќе можат да препишуваат посети на музеи како дел од терапијата за пациенти кои се лекуваат од стрес поради коронавирусот. На пациентите третирани за стрес во болницата „Бругман“, една од најголемите во белгиската престолнина, ќе им биде понудена бесплатна посета на пет јавни музеи во градот, кои опфаќаат различни теми.

Резултатите од пилот-проектот ќе бидат објавени следната година со намера иницијативата дополнително да се прошири доколку е успешна во ублажување на разни видови стрес, пренесува „Гардијан“.

Делфин Уба, комесарка за култура во Брисел, рече дека се инспирирала за идејата од Квебек, Канада, каде што лекарите можат да препишуваат до 50 музејски посети на пациенти годишно.

Во пилот-проектот во Брисел, посетите на музеите ќе бидат советувани на поединци и групи пациенти во болницата Бругман.

„Кризата со Ковид, поради која беше потенциран стресот, ја потврди важноста на таков проект“, рекла таа за белгиски весник.

Според лекарите од Канада, набудувањето на уметничко дело може да има позитивен ефект врз когнитивните способности на пациентот и може да има смирувачки ефекти во лекувањето на депресија, стрес и вознемиреност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот