Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски” до булеварот „Гоце Делчев” и Кеј „13-ти Ноември” до булеварот „Кочо Рацин”.

Во недела на 19 јануари поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.

Како што информираат од МВР, во периодот од 1000 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски” до булеварот „Гоце Делчев” и Кеј „13-ти Ноември” до булеварот „Кочо Рацин”.

Во Општината Ѓорче Петров од 10.00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле”, десно по булеварот „Партизански одреди”, десно по улицата „Ѓорче Петров”, лево по улицата „Васил Чакаларов”, како и од црквата „Свети Пантелејмон” по улицата „Демир Трајко” и лево по улицата „Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во Општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот