Поранешниот тренер за јунакот на Фламенго: Во Интер го викавме Габи-Не-гол

twitter/Flamengo

Холанѓанецот Франк Де Бур кој е тренер на екипата на Атланта јунајтед, се потсети на времето кога го предводеше Интер, а дел од неговиот тим беше и Габриел Барбоса.

Популарниот Габи-гол со два гола во финишот на финалето во Копа Либертадорес му ја донесе шампионската титула на својот Фламенго.
Де Бур за Телевизијата Фокс Спортс, зборуваше токму за Барбоса кој не се прослави во Интер.

– Не знаев многу за него, но ми велеа дека е фантастичен фудбалер – изјави Де Бур за фудбалерот кој Интер го плати 30 милиони евра.
– Го нарекуваа Габигол, но ние го викавне Габи-Не-гол. На тренинзите доаѓаше со двајца луѓе кои беа задолжени за неговите социјални мрежи и со телохранител, но не направи ништо во Интер – додаде Де Бур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот