Бритни Спирс со Кевин Федерлајн и Сем Ашгари / Фото: Profimedia/EPA

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори по 10 години молчење: Децата не сакаат да ја видат, пејачката остро му врати

Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на пејачката Бритни Спирс, рече дека би сакал нивните синови Шон и Џејден да се смират со својот дедо Џејми, односно таткото на поп-пејачката, но и дека децата со месеци избегнуваат да се видат со својата мајка.

Фото: Профимедиа

– Апсолутно би сакал Џејми да се врати во животот на нашите момчиња. Особено ако тие го сакаат тоа – рекол Кевин, според „Дејли мејл“.

Иако Џејми во моментот има забрана за приоѓање на своите внуци, Кевин тврди дека „не мисли ништо лошо“ за својот поранешен дедо.

„Луѓето прават грешки. Жал ми е за него“, рекол Кевин. Имено, пред три години, Федерлајн побара судска наредба за забрана за приоѓање откако Џејми наводно физички го нападнал Шон.

Кевин исто така, зборувал негативно за поранешната сопруга Бритни, велејќи дека децата не сакаат да ја видат.

– Поминаа неколку месеци откако последен пат ја видоа. Намерно ја избегнуваат. Не сакаа да одат на нејзината свадба – рекол тој. Спомнал и дека се чувствуваат непријатно, бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм и верува дека старателството на Џејми ја „спасило“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


По неговите изјави, Бритни Спирс се огласи на Инстаграм.

„Тажно е да го слушам мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот дека мислењето е засновано врз основа на мојот профил на Инстаграм. Тоа беше многу пред Инстаграм. Сè им дадов… Само, мајка ми ми рече: ‘треба да му ги дадеш децата на нивниот татко’…“, напишала Бритни.

Сем Ашгари, сегашниот сопруг на Бритни, застана во нејзина одбрана. Меѓу другото, Ашгари шпекулира дека поранешниот сопруг на Бритни се одлучил да даде интервју затоа што исплатите за детска поддршка од Бритни Сегашнќе завршат кога момчињата ќе наполнат 18 години.

Кевин и Бритни беа во брак од 2004 до 2007 година.

Бритни Спирс ќе биде слободна: Нејзиниот татко по тринаесет години се откажува од старателството

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот