Поранешниот градоначалник на Радовиш. Ацо Ристов, е избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Со 68 гласа „за“ попладнево Собранието го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава.
Препорачано
Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со тридецениско искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во неговата богата биографија се наведува дека е експерт за управување со комплексни проекти како хидроелектрани и пречистителни станици. Ристов е член на Комората на овластени архитекти и инженери со највисоки овластувања за проектирање и надзор.
Од владејачкото мнозинство потенцираа дека станува збор за исклучително квалитетен кадар кој ги исполнува сите законски услови и поседува општествен авторитет потребен за водење на едно вакво независно тело.
Поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, поднесе оставка
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


