Поранешниот албански министер за внатрешни работи се СПАСИ од затвор

Фото: Миа

Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири се спаси од затворска казна.

Основниот суд за тешки кривични дела, по долгочасовно заседавање синоќа околу 22 часот  ја соопшти одлуката со која Тахири го осуди на 5 години затвор, која ќе биде преименувана во 3 години условна казна. Исто така толкав период не може да обавува јавна функција.

Тахири е прогласен виновен единствено за злоупотреба на службената положба, додека отфрлени беа обвинувањата за вмешаност во трговија со дрога.

На 10 овој месец на последното судско рочиште Обвинителството побара 12 години затвор за Тахири, но поради согласност за скратена судска постапка, конечното барање беше 8 години затвор. Обвинението го  товареше за четири случаи на шверц на наркотични средства од Албанија за Италија во периодот од 2013 до 2015 година, што тој категорично ги отфрли.

Постапката против него почна во октомври 2017 година кога беше разрешен а потоа сам се откажа и од пратеничкиот имунитет за,како што изјави, да може да се брани како обичен граѓанин”.

По соопштувањето на одлуката тој даде куса изјава и најави средба со новинарите во текот на денешниот ден.

– Судот кажа дека не сум криминалец, дека не сум шверцер, дека не сум дел од криминална група, но бидејќи некои мои братучеди го користеле моето име, јас сум прогласен за виновен за злоупотреба на службената положба. Не можам ниту да се смеам, ниту да плачам, рече Тахири, додавајќи дека одлуката ќе ја обжали.

Во исто време на поранешниот директор на Полицискиот комесаријат во Валона, Јаелд Чела, кој повеќе од една година се бара со потерница, судот во отсуство, му изрече казна затвор во траење од 3,4 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот