Поранешната прва дама на Хонудрас осудена на 58 години затвор

Фото: Принтскрин

Судот во Хондурас ја осуди сопругата на поранешниот претседател Порфирио Лоба на 58 години затвор поради малверзации во време на неговиот мандат, пренесува „Би-Би-Си“.

Некогашната прва дама Елена Бониља (52) прогласена е за виновна за злоупотреба на 779.000 долари од меѓународните донации.

Обвинтелите соопштиле дека парите ги користила да купува накит и да си ги плати приватните учители на своите деца.

Адвокатот на Елена рекол дека таа е невина и ќе се жали на одлуката на судот.

Бонилја е уапсена во февруари 2018 година по истрагата околу исчезнување на пари од јавни фондови, вклучувајќи го буџетот наменет за купување на облека за сиромашни деца.

Личниот асистен на Елена, Саул Ескобар, исто така е осуден на 48 години затвор.

Ниту Елена ниту нејзиниот сопруг не се појавила во судницата при изрекување на пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот