Поранешен шеф на Црногорската агенција за национална безбедност пронајден мртов

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА

Поранешниот шеф на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора Лука Булатовиќ денеска е пронајден мртов во Подгорица, пренесува РТЦГ.

Според Бета, главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ за порталот на РТЦГ изјавил дека во тек е истрага.

„Постои основа за сомневање дека некој сторил кривично дело во рамките на нашата јурисдикција и ние преземаме истрага“, посочи Катниќ.

Некои локални медиуми јавија дека долгогодишниот висок функционер на АНБ наводно извршил самоубиство и оти е пронајдено и проштално писмо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот