Поранешен припадник на ОВК одбил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Специјален суд во Хаг / Фото: Архива

Организацијата на ветерани на таканаречената Ослободителната војска на Косово (ОВ ОВК) објави денеска дека нејзиниот член, поранешниот припадник на терористичката ОВК Башким Гаши ја одбил поканата да се јави на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на организацијата се вели дека на Гаши сепак му е сугерирано да се појави пред иследниците на Специјалниот суд наредниот пат кога ќе добие покана,  за „да не создава преседан за останатите случаи”.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК”, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа оваа меѓународна правна институција ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното српско но и албанско население на Косово за време и по војната во Србија, според досегашните информации, имаат добиено неколку десетици (според некои медиуми до 70) поранешни команданти или припадници на ОВК. Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

Првите обвиненија, според приштинските медиуми, се очекува да бидат подигнати до крајот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот