Поранешен полицаец и неговиот син осудени на доживотна казна затвор поради убиство на афроамериканец во Џорџија

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Судија на Окружниот суд на САД осуди поранешен полицаец и негов син, Грегори МекМајкл и Тревис, на доживотен затвор за убиството на Ахмауд Арбери, додека тој џогирал во Џорџија во 2020 година, во случај што го нагласува расното насилство во Америка.

Судијката Лиза Годбеј објасни дека тоа е федерално кривично дело убиство од омраза, на крајот од судењето кое уште еднаш ги изнесе на виделина проблемите поврзани со расистичкото насилство во САД. Арбери беше убиен кога додека се враќал од трчање.

„Ова го направивте поради бојата на кожата на г-дин Арбери“, рече судијата.

Грегори МекМајкл е 66-годишен поранешен полицаец кој подоцна работел во канцеларијата на окружниот обвинител во Бранзвик, а 36-годишниот син Тревис е механичар вработен во крајбрежната стража.

И двајцата веќе отслужуваат доживотен затвор без можност за условно ослободување, откако беа осудени во ноември минатата година во судската постапка што ја покрена американското обвинителство.

Покрај нив, на обвинителна клупа е и нивниот сосед, 52-годишниот Вилијам Брајан, а сите тројца се обвинети за кршење на граѓанските права на Арбери за напад исклучиво врз основа на бојата на неговата кожа и обид за киднапирање.

Се очекува Брајан да биде осуден во наредниве недели. Случајот на Арбери е еден од серијата убиства на афроамериканци во последниве години кои го привлекоа вниманието на прашањето за расизмот во американскиот казнено-правен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот