Поранешен младински репрезентативец на Хрватска е ново засилување за Брера
Брера Струмица официјално го претстави новото засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната.
Препорачано
Нов член на струмичкиот прволигаш е Леонардо Петровиќ, 22-годишно десно крило кое во Македонија пристигнува од редовите на хрватскиот второлигаш Кроациа Змијавци.
Петровиќ е фудбалски продукт на Хајдук Сплит, каде што ги помина сите младински селекции, а во текот на кариерата настапуваше како позајмен играч во Змијавци и Јадран. Иако беше дел од првиот тим на сплитските „били“, не запиша официјален настап, по што продолжи со настапи во БиХ, играјќи за Посушје и Радник Бијелина.
Есенската полусезона ја мина во Кроациа Змијавци, каде што настапи на 12 натпревари, постигна еден погодок и запиша две асистенции, по што сега ќе биде дел од составот на Брера Струмица во продолжението од сезоната.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


