Порака од големиот чичко Дончо за акцијата на „Комити“: Да му помогнеме на Вардар!

Фото: ФФМ

Во тек е големата акција на „Комити“ за Вардар во која се продаваат сезонски билети по цена од 1.000 денари со цел да се соберат 500.000 евра потребни за настапот на Вардар во Првата лига, поддршка на акцијата даде и големиот Андон Дончевски.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија купи сезонски билет и повика да му се помогне на Вардар.

„Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам „Комити“, мои внуци, мои јунаци македонски“, е пораката која ја испраќа Дончевски.

Засега од Вардар истакнаа задоволство од текот на акцијата во која за помалку од една недела беа собрани еден милион денари.

ВИДЕО: Акција „Вардар клуб на народот“ – се очекува да се соберат 500.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот