Поради високите температури од денеска е забрането движење низ шуми, за Водно не важи

Шума Водно /Фото: МИА

Поради високите температури и активната портокалова фаза во земјава, Владата на вчерашната седница донесе мерка од денеска да се прогласи забрана за движење во шумите.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник) – се вели во соопштението.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот